Ако го немате ова парче во вашиот гардеробер, не можете да се наречете жена со стил, велат модните експерти
Teddy капут со години е апсолутен зимски хит, но оваа година ваквата престижна титула ја презема малку пократка верзија на ова модно парче.
Модата оди во слична насока и оваа година, се држиме до удобни комбинации, но со малку пократок крој. Оваа година славиме топлина, удобност и раскошни текстури. Teddy јакната е нешто што мора да биде во гардеробата на секоја модерна жена. Тоа е совршена комбинација од удобност и стил.
Нејзиниот рафиниран крој и минималистички изглед создаваат чувство на елеганција што совршено се вклопува со деловниот и вечерниот стил.
Многу е топла, па ќе можете полесно да ги поднесете зимските денови, а покрај тоа, одлично се вклопува со речиси сè. Затоа, ако барате идеално јакна, нека биде овој модел.
Едноставно, плишаното оди со сè
Може да се носи во комбинација со панталони, фармерки, фустани, здолништа, но дури и во комбинација со тренерка. Исто така, ќе изгледа многу убаво ако носите рамни чевли, но и малку поелегантни чевли со потпетици.
Модните експерти предвидуваат дека овој модел на јакна ќе биде во тренд многу години, исто како што беше и плишаното палто.
