Користењето на мобилни телефони стана дел од нашето секојдневие, но со текот на времето тие се трошат, односно оштетувањата се зголемуваат.
За подолг век на траење на телефонот, потребно е правилно одржување, а една од најважните работи е да знаеме како правилно да го наполниме, но и како да ги избегнеме грешките.
Најчести гршки кои го скратуваат животот на телефоните:
1. Оставање на полначот вклучен: Полначот кој е оставен приклучен не само што доведува до повисоки сметки за струја, туку е и многу опасен. Трансформаторот ослободува топлина, а зголемувањето на топлината може да доведе до пожар или краток спој во трансформаторот што може да предизвика пожар.
2. Празнењето на батеријата до крај и полнењето до 100 проценти: Батериите на телефонот се направени од литиум и работат во циклуси на полнење. Ако ја оставите батеријата целосно да се испразни, полека го уништувате вашиот уред. Не ја полнете батеријата до 100 проценти, ниту го оставајте телефонот на полнач подолго од тоа, бидејќи полнењето до крај всушност го скратува животниот век поради одреден број циклуси на полнење. Дополнително, оставањето на мобилниот телефон на полначот преку ноќ доведува до повисоки сметки за електрична енергија, нарушени циклуси на полнење и прегревање на уредот.
3. Користење на мобилниот телефон додека се полни: трошењето на батеријата додека се полни, многу ја оптоварува батеријата. Ако треба да направите нешто на вашиот мобилен телефон, отстранете го од полначот и кога ќе завршите, вратете го на полнење.
4. Користење на различни полначи: Кога купувате нов телефон, обично добивате соодветен полнач со него. Секогаш е најдобро да го користите наместо други полначи што ви се достапни.
Моќта на полнење варира со секој полнач и мобилен телефон, па затоа е важно секогаш да се полни со соодветна моќност. Сепак, секогаш е подобро да користите ѕиден штекер наместо други уреди, како лаптопи, за полнење.