Ова е растението на годината: Бара многу малку грижа, а еве зошто е важно да го имате во вашиот дом

Пахирата во многу култури се поврзува со среќа, изобилство и позитивна енергија, а во практиката на фенг шуи се смета за симбол на хармонија и благосостојба во домот.

Го нарекуваат „дрво на пари“, и од неколку причини е добро да го имате во куќата. Ова растение е растението на годината на 1-800-Flowers.com.

Како и секоја година, едно растение се издвојува како симбол на она што нè очекува, а според изборот на платформата 1-800-Flowers.com, 2026 година носи растенија кои лесно се вклопуваат во современиот животен стил и модерните ентериери.

Меѓу собните растенија, посебно внимание беше посветено на изборот што комбинира визуелна привлечност, издржливост и едноставна грижа.

Станува збор за пахира, растение препознатливо по своето декоративно, испреплетено стебло и богата круна, што му дава на просторот впечаток на свежина и рамнотежа.

Добро напредува во индиректно осветлување, бара ретко наводнување и одржува здрав изглед долго време, поради што е чест избор кај почетниците и оние кои немаат многу време за растенија.

Пахирата во многу култури се поврзува со среќа, изобилство и позитивна енергија, а во практиката на фенг шуи се смета за симбол на хармонија и благосостојба во домот. Затоа се нарекува и „дрво на пари“.

Во категоријата на режано цвеќе, растението на годината за 2026 година е делфиниумот.

Син делфиниум

Неговата висока, елегантна форма внесува динамика во цветните аранжмани, додека нијансите на сина, виолетова и крем боја му даваат на просторот допир на софистицираност.

Без разлика дали се користи како доминантен елемент или дискретен детаљ, делфиниумот лесно ја освежува секоја околина.

Овој цвет симболизира оптимизам и нови почетоци, па затоа често се избира како декорација на почетокот на годината, кога во фокусот се позитивната енергија и свежиот почеток.

Со пахирата што внесува стабилност и зеленило во ентериерот и делфиниумот што им дава живост на цветните аранжмани, изборот на растенија за 2026 година го нагласува балансот помеѓу убавината и практичноста.

Зборуваме за растенија што лесно се вклопуваат во секојдневниот живот и му даваат на просторот карактер, топлина и стил, без непотребни компликации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни