Ова е причината за пожарот во Швајцарија?

Според медиумите, таванот брзо се запалил, што потоа довело до паника и брзање кон излезот.

Според сведоштвата, причината за трагедијата во која загинаа неколку лица во барот „Констелејшн“ во Кранс-Монтана била пиротехника.

Сè уште нема официјална потврда, но како што објавува 24houres, Мелк (19) опишал што видел во барот.

Според неговото сведоштво, кое се совпаѓа со сведоштвото на друг сведок, пиротехничките направи поставени на шишиња со алкохол предизвикале пожар на таванот.

Според медиумите, таванот брзо се запалил, што потоа довело до паника и брзање кон излезот.

Членот на Државниот совет Стефан Ганцер изјавил дека причината за трагедијата не била експлозија, туку пожар.

Ова е причината за пожарот во Швајцарија?

„Трагедијата била предизвикана од пожар, а не од експлозија. Токму овој пожар предизвикал неколку експлозии што ги слушнале сведоците. Сепак, овие експлозии биле последица на пожарот, а не обратно“, објаснил Ганцер.

Да ве потсетиме дека неколку лица загинаа во експлозија во бар во ексклузивниот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, а според дневниот весник „Ле Нувелист“, загинаа нлад 40 лица додека има над 100 повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни