Во најскапиот часовник на светот вградени се 874 дијаманти со различни форми, бои и тежини, а неговата вредност се проценува на неверојатни 25 милиони долари. Произведен е од познатата швајцарска компанија Chopard, а неговото име е Chopard 201 карат.
Најдоминантните детали на часовникот се петнаесет-каратниот розов дијамант, дванаесет-каратниот син дијамант и единаесет-каратниот бел дијамант. А неговата тежина е 201 карат, како што сугерира името.
Исто така, на часовникот може да се видат детали од бело и жолто злато. Лицето на часовникот се наоѓа под три дијаманти во форма на срце, кои со кликнување на скриено копче се отвораат како цвет.
На листата на најскапи часовници, веднаш зад Chopard 201 каратот се наоѓа Patek Philippe Super Complication, за чиј изработка биле потребни 5 години. Изработен е во 1993 година и неговата цена е 11 милиони долари. Третиот највреден часовник е Patek Philippe моделот 1527, создаден во 1943 година, а неговата цена е околу 6 милиони долари.