Ова е најскапата регистарска табличка на светот: Погодете каде се наоѓа

Најскапата регистарска табличка во историјата беше продадена на аукција во Дубаи минатиот април за 55 милиони AED или околу 15 милиони долари. Со тоа веднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди, а сега знаеме на кој автомобил завршила.

Изборот падна на Rolls Royce Cullinan, првиот SUV модел на престижната марка.

Но, тоа не е крајот, бидејќи овој специфичен автомобил беше подложен на третман на еден од најекстравагантните тјунери на денешницата. Mansory го направи овој Cullinan навистина посебен и лесен за забележување благодарение на неговиот уникатен двобоен надворешен дизајн. Линијата Linea D’Oro исто така носи детали во златна завршница, како и поединечни делови од каросеријата изработени од карбон.

Тиркизната боја доминира не само на предниот дел на возилото, туку ја има и во кабината. Лош вкус или само нагласена персонализација, тешко е да се каже, но сосема е сигурно дека нема многу полуксузни теренци кои можат да се купат со пари.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни