Ова е најмрачниот град на светот: Половина година живеат во темнина

Рјукан е град во округот Телемарк во јужна Норвешка, познат како едно од најтемните места во светот. Поради високите планини што го опкружуваат, повеќе од 3.300 жители на градот не гледаат директна сончева светлина шест месеци во годината. Жителите на Рјукан живеат во темнина: појадуваат, ручаат и вечераат, а под истата покривка на темнината одат на училиште, на работа, пазарат и спортуваат. 

Полумрако им е секојдневен придружник половина година. Затоа, во 2013 година, локалните власти инвестираа пет милиони норвешки круни за да постават соларни огледала на планините кои рефлектираат мал дел од сончевата светлина на главниот градски плоштад дури и во најтемните месеци од годината. Така, со помош на огромни огледала, овој град за прв пат во својата историја уживал во есенското сонце. 

Жителите на Рјукан се навикнати да не ги гледаат сончевите зраци од септември до март. Но, од 2013 година, тоа се промени. Со помош на огромни огледала поставени на врвот на еден рид, центарот на градот, кој се наоѓа во регионот Телемарк, е осветлен со природна светлина од повеќе страни. 

Идејата за ова постоела пред 100 години, но наместо сонце, жителите на Рјука изградиле жичара. Локалното население ja користелa за да се искачат на врвот на ридот за да фатат малку сонце. 

Неколку големи огледала се поставени на околу 450 метри над селото во долината, а нивната „задача“ е да го следат движењето на Сонцето и соодветно да се движат, со помош на механизам. Огледалата се контролирани од компјутери. Огледалата фрлаат сончева светлина директно кон центарот на градот. Целиот проект чинеше околу 600.000 евра. Инаку, слично нешто беше направено седум години претходно во еден италијански град, кој има иста локација како овој норвешки. Овој град е интересна локација за посета многу години поради водопадот Рјукан висок 104 метри кој се наоѓа во близина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни