На денешен ден во 2003 година, последната „буба“, најпопуларнот германски патнички автомобил, се симнала од производствената лента во Мексико – „фолксваген“ број 21.529.464.
Точно толку „буби“ за 68 години биле произведени во Германија и во други земји, со што завршила историјата на најдолго произведуваниот автомобил.
„Бубата“ се произведуваше и во поранешна Југославија во фабриката ТАС (Творница аутомобила Сарајево), во градчето Вогошќа од 1973 до 1977 година со моделите 1200Ј и 1300Ј.
Производството на „фолксваген“ било идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер кој побарал да биде дизајниран и прозиведен автомобил кој ќе биде достапен за широките народни маси.
„Бубата“ и денеска остана еден од најпопуларните и култни автомобили.
Во поновата историја ќе останe запаметено дека со Буба стара повеќе од две децении се возеше скромниот претседател на Уругвај Хозе Мухика.
Иако „Фоксфаген“ го ребрендираше овој автомобил, сепак „новата“ „Буба“ ни од далеку не е толку популарна како нејзината претходничка.