Ова е најдобриот ручек за луѓето со хипертензија, тврдат кардиолозите и диететичарите

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на луѓе кои живеат со хипертензија се удвоил помеѓу 1990 и 2019 година, од 650 милиони на 1,3 милијарди. Речиси половина од луѓето со хипертензија во светот моментално не се свесни за нивната состојба.

Оваа најчесто фатална состојба доведува до мозочен удар, срцев удар, срцева слабост, оштетување на бубрезите и многу други здравствени проблеми. Затоа, важно е да се стави под контрола.

За среќа, промените во исхраната и начинот на живот можат да помогнат. „Значајните докази покажуваат дека изборот на здрава храна може да го продолжи животот и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок и дијабетес“, вели кардиологот Естел Жан за EatingWell.

Изборот на опција за здрав ручек не мора да биде комплициран
Кардиолозите сугерираат на лицата со хипертензија да додаваат различен зеленчук во оброците и препорачуваат да ги намалат заситените масти и натриум.

„Изборот на ручек кој вклучува барем еден шарен зеленчук, како што се домати, моркови, цвекло или модар патлиџан и еден темен лиснат зеленчук, како што се кељ, спанаќ или рукола, може да ви помогне да го добиете потребниот калиум за одржување на оптимално нивото на крвниот притисок“, вели диететичарот и нутриционист Каталина Руз.

Изборот на најдобриот ручек за висок крвен притисок е веганска чинија со житарки. Оваа чинија со житарки се состои од база на киноа богата со влакна, прелиена со кељ, цвекло, авокадо, едамам, семки од сончоглед и едноставен прелив од хумус и сок од лимон.

Ако цвеклото е претходно сварено, а кељот е измиен, овој ручек може да биде готов за само 15 минути и содржи дури 13 грама влакна.

„Добро дизајнираниот ручек треба да вклучува добра мешавина од цели зрна, растителни протеини, здрави масти и многу овошје и зеленчук, така што овој оброк е одличен за здравјето на срцето“, заклучила нутриционистката Вероника Роус.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни