Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година, просечна плата – 4.500 евра

Во потрага по совршена дестинација за нов почеток, сè повеќе луѓе се свртуваат кон северот – поточно, кон Исланд. Според најновото истражување на компанијата Remitly, која анализирала 82 земји низ светот според 24 клучни критериуми (вклучувајќи јавен превоз, вработеност, трошоци за живот и задоволство на граѓаните), овој сликовит северен остров се најде на врвот како најпосакувана земја за преселба во 2025 година.

Исланд доби вкупна оцена од 58,4 поени од можни 100, оставајќи ја конкуренцијата зад себе благодарение на високиот квалитет на живот, безбедноста, одличната организираност на јавниот превоз, ниската стапка на криминал и високиот степен на општо задоволство кај населението.

Безбедна, среќна и опуштена земја

Исланд не е само земја на гејзири, водопади и северна светлина – тој е прогласен за најбезбедна земја во светот и се наоѓа на третото место на листата на најсреќни и најопуштени земји.

Иако главниот град Рејкјавик има „само“ околу 140.000 жители, нуди сè што една модерна метропола треба да има – шармантни кафулиња и ресторани, богат културен живот и достапност на сите атракции на пешачка оддалеченост. Урбаниот дух е присутен, но градот сè уште ја зачувува својата топлина и блискост.

Високи плати и квалитетен живот

Просечната месечна плата на Исланд изнесува околу 4.500 евра, што дополнително ја зголемува неговата привлечност. Земјата со години се наоѓа на врвот на листите за најдобри услови за живот и работа.

Природа што одзема здив

Природата на Исланд е како од бајка – од спектакуларниот полуостров Snæfellsnes до познатата Златна кружна рута со геотермални извори, водопади и гејзири. Идеално место за сите што сакаат да побегнат од градскиот метеж и да уживаат во секојдневни глетки кои се незаборавни.

Кои земји уште се најдоа на листата?

По Исланд, на листата на Remitly следуваат Швајцарија (55,8 поени), Луксембург (55,7), Норвешка, Обединетите Арапски Емирати, Ирска, САД, Данска, Холандија и Австралија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни