Ова е листата на добитници на Оскар за филм во последните 20 години

Во недела доцна навечер, ќе се одржи 97 церемонија на доделување на Оскарите, награди на Американската академија за филмски уметности и науки

Во Лос Анџелес, во недела доцна навечер, ќе се одржи 97 церемонија на доделување на Оскарите, награди на Американската академија за филмски уметности и науки, со неколку фаворити, меѓу кои се “Емилија Перез”, “The Brutalist”, “Wicked” и “Конклава”.

Филмот на Жак Одјиар „Емилија Перез“ доби 13 номинации за Оскар. Ова музичко одисејско дело за промена на пол на мексикански трговец со дрога кој станува жена, доби најмногу номинации, пред филмовите „The Brutalist“, приказна за животот на еврејски имигрант, и мјузиклот „Wicked“, кои добија по десет номинации.

Биографскиот филм за Боб Дилан „Потполно непознат“ и трилерот за Ватиканот „Конклава“ добија по осум номинации.

Агенција Бета потсетува на списокот на остварувања кои во последните 20 години ја добиле главната награда – Оскар за најдобар филм:

  1. 2024 – „Опенхајмер“
  2. 2023 – „Сè во исто време“
  3. 2022 – „КОДА“
  4. 2021 – „Земја на номади“
  5. 2020 – „Паразит“
  6. 2019 – „Зелена книга“
  7. 2018 – „Облик на водата“
  8. 2017 – „Месечина“
  9. 2016 – „Под лупом“
  10. 2015 – „Човек-птица“
  11. 2014 – „12 години ропство“
  12. 2013 – „Арго“
  13. 2012 – „Уметникот“
  14. 2011 – „Говорот на кралот“
  15. 2010 – „Катанец за болка“
  16. 2009 – „Милионер од улицата“
  17. 2008 – „Нема земја за старци“
  18. 2007 – „Двострука игра“
  19. 2006 – „Судар“
  20. 2005 – „Девојка од милион долари“
  21. 2004 – „Господарот на прстените: Повратокот на кралот“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни