Ова е еден од најголемите споменици во светот – изградбата траела 15 години

Споменикот на Битката на народите во германскиот град Лајпциг е една од најголемите атракции на градот и е подигнат во 1813 година во чест на победата над Наполеон

Го нарекуваат град на културата и креативноста, украсен со магични езера, замоци од бајките и палати, но панорамата на германскиот град Лајпциг, кој се наоѓа во сојузната покраина Саксонија, е доминирана од познатиот Споменик на Битката на народите (Völkerschlachtdenkmal), со кој завршил Наполеоновиот поход во Европа во 1813 година.

Битката траела од 16 до 19 октомври и завршила така што со вооружените сили на Русија, Прусија, Австрија и Шведска извојувале убедлива победа над гореспоменатиот француски воен водач и неговите сојузници.

Во битката учествувале 600.000 војници од повеќе од 20 земји, бројот на убиени и ранети бил околу 100.000, а покрај воените жртви, во исто време во Лајпциг избувнала и страшна епидемија на тифус, која убила 10 проценти од населението на градот.

Украсен е со елементи позајмени од архитектурата на Месопотамија и Египет

Една година по битката, поетот Ернст Мориц Арндт ја добил идејата за создавање споменик во чест на паднатите војници, а во 1894 година архитектот Клеменс Тиме од Лајпциг го основал Германското патриотско здружение, кое требало да собира донации за споменикот. До 1898 година, тоа имало доволно финансиски средства за да го постави камен-темелникот.

Монументалниот Споменик на Битката на народите, кој се наоѓа во округот Пробштајда, југозападно од Лајпциг, е прогласен за споменик од национално значење во 1913 година. Целата структура е висока 91 метар и тежи неверојатни 300.000 тони. За неговата изградба, која траела 15 години, биле користени гранит порфир (вид локален камен) и бетон. За разлика од повеќето споменици и згради од таа ера, овој е лишен од класицистичкиот стил, а многу од елементите што го украсуваат се позајмени од архитектурата на древна Месопотамија и Египет .

До врвот на споменикот водат дури 500 скали

Една од најпопуларните туристички атракции во Лајпциг се наоѓа во непосредна близина на поранешното командно место на Наполеон, кое било подигнато во самиот центар на бојното поле за време на Битката на народите во 1813 година. Платформата за набљудување на споменикот (опсерваторија) нуди фантастичен поглед на целиот град и неговата околина, а до самиот врв на оваа монструозност има 500 скалила.

Архитектот Бруно Шмиц му дал на Споменикот на битката кај народите, необична пирамидална структура, и го изградил на вештачки рид, под кој дизајнирал и рефлектирачки базен и две авении. Самиот споменик е опкружен со дабови, кои германските народи ги сметале за симбол на машка сила и издржливост, а вегетацијата е надополнета со зимзелени растенија, кои пак ја претставуваат женската плодност и се во подредена положба во споредба со дабовите.

Во подножјето на споменикот е отворен и Музеј на Битката на народите наречен „Форум 1813“, кој чува голем број ретко оружје, униформи, опрема и лични сувенири од војната од 1813 година. Билетот за возрасни чини 8 евра, за студенти и пензионери 6 евра, а за деца под 6 години влезот е бесплатен. Споменикот на Битката на народите има и импресивна купола висока 68 метри со дури 324 коњанички статуи, кои го симболизираат враќањето на победниците. Значаен е по одличната акустика, па затоа често се организираат концерти во неговата сала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни