Ова беше омиленото јадење на принцезата Дијана, Македонците го обожаваат

Британското кралско семејство отсекогаш привлекувало големо светско внимание, особено принцезата Дијана, која на многумина им беше омилен член на кралското семејство. Иако беше принцеза, беше многу едноставна во се, дури и кога станува збор за храната, а кралскиот готвач откри кое јадење и е омилено – тоа се полнети пиперки.

Обожавала да го јаде ова едноставно јадење неколку пати неделно во палатата Кенсингтон во Лондон, каде што живеела, а го открил Дарен Мекгрејди, кој бил нејзин личен готвач во последните четири години од животот. Тој претходно стекнал кралско кулинарско искуство како готвач на кралицата Елизабета Втора, за која готвел 11 години.

Неколку пати неделно јадеше полнети пиперки
Зборувајќи за HuffPost, Мекгрејди потсети дека ја презел кралската кујна кога принцезата Дијана веќе се опоравила од нарушувањата во исхраната. Сакала да остане здрава, па се свртела кон правилна исхрана и вежбање.

„Откако ја преброди булимијата, почна да вежба и отиде на диета со малку маснотии“, рече Мекгрејди, додавајќи дека нормалната и здрава храна како полнети пиперки и полнети модар патлиџан се некои од намирниците кои таа често ги барала, понекогаш неколку пати на недела.

Овој готвач ѝ направил црвени пиперки полнети со печурки, тиквички, ориз и сланина, со додавање на коцки пилешко за супата за подобар вкус, а одозгора додавал и малку рендан пармезан. Покрај полнетите пиперки, кои за неа беа составен дел од менито, принцезата Дијана сакаше да јаде и типичен британски десерт – пудинг од леб и путер.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни