„Ова ќе биде последниот Грен слем на Новак Ѓоковиќ“ – смета легендарната тенисерка Рене Стабс

Новак Ѓоковиќ има 38 години, а сè почесто се поставува прашањето – кога ќе стави крај на својата блескава тениска кариера?

Легендарната поранешна тенисерка Рене Стабс смета дека крајот е блиску и дека токму Австралија опен ќе биде последниот Грен слем на Ѓоковиќ. Таа вели дека токму Мелбурн е местото каде што Србинот има најмногу победи – дури 10 титули, и дека таму заслужува да ја затвори својата шампионска приказна.

„Мислам дека последниот турнир на Новак ќе биде Австралија опен. Таму славеше 10 пати и тоа е најсоодветното место за него“, изјави Стабс.

Таа додаде дека очекувала Ѓоковиќ да стигне до својата 25-та Грен слем титула на Вимблдон ова лето, но загубата во полуфиналето од Јаник Синер во три сета ја промени таа надеж.

„Искрено, очекував можеби 25-та титула во Лондон. Но, тој немаше шанса. Останува Австралија опен – и тоа, најверојатно, ќе биде последниот Грен слем на Новак Ѓоковиќ“, заклучува Стабс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни