Центарот за развој на фотографија од Белград, во соработка со Музејот на град Скопје, како дел од регионалниот проект кој ги собира експертите и фестивалските фотографии од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, организира бесплатна менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје.
„Ако си млад(а) фотограф/ка од Северна Македонија (21-35 години), амбициозен/на да развиеш своја професионална кариера во полето фотографијата, бараш квалитетно менторство, контакти и видливост-тогаш оваа програма е за тебе“ велат организаторите.
Што ти нуди оваа програма?
Работилниците се фокусираат на моќта на документарната и ангажирана фотографија, но ги прати и современите предизвици – од етика во ерата на вештачката интелигенција, до дигитална видливост и преглед портфолија.
Те очекува интензивна менторска работа за време на 10 работилници со искусни предавачи и ментори, продуктивна задача на одбрана тема која ќе ти помогне да развиеш кохерентен, авторски труд, јавно претставување на завршна мултимедијална изложба во Скопје, објавувања на твоите трудови на дигитална платформа која ќе ја видат кустоси, уредници и поширока публика од целиот регион. Исто така менторска поддршка во професионалниот развој и подготовка на портфолија, можност да бидеш дел од регионална мрежа на фестивали, фотографи и кустоси, поддршка во етичко и креативно користење на вештачката интелигенција и фотографија и секако сертификат за учество и поддршка за понатамошен професионален развој.
Оваа програма е единствена можност да стекнеш професионално искуство, да го развиеш авторскиот стил и израз, твојата работа ќе овозможи видливост надвор од границите на Македонија, ќе можеш да се поврзеш со важно актери на фотографската сцена во земјата и регионот – фотографи, кустоси, претставници на фото-здруженија и директори на фестивали за фотографија.
За кого се наменети работилниците?
Работилниците се наменети за сите кои се занимаваат со фотографија – студенти, членови на фото-клубови, самоук/а автор/ка автори/ки кои објавувале или кои до сега не објавиле свои дела. За учество во оваа програма е поважна сериозна мотивација и желба за професионален развој од нивото на кое сте во моментов.
Рок за пријавување: 4 мај 2025 година. Почеток и траење на работилниците: од 12 до 30 мај 2025 година.
Место на одржување на работилниците: Музеј на град Скопје
Линк за пријавување: https://forms.gle/eHYKeCwiz27PPMsM7
Програмата ја водат тим од реномирани експери со големо искуство со фотографијата и едукацијата.
Александра Ристовска, дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 2005 година. Одржала неколку самостојни изложби во Белград, Истанбул, Њујорк, Берлин и Амстердам. Од 2009 година работи како професор, а моментално е декан на Факултетот за уметност и дизајн на International Balkan University.
Владимир Јовановски, претседател на ИААП (Меѓународна асоцијација на уметнички фотографи), основач и директор на Фестивалот на фотографија Малински во Куманово. Во 2018 година ја добил наградата за најдобар светски фотограф од SSS во Турција. Тој ја носи титулата MPSA (Master Photographic Society of America), GPU HERMES и RISF5.
Сашо Алушевски, пионер на алтернативната фотографија во Северна Македонија, куратор и организатор – ЗРНО фестивал. Основач, иницијатор и член на управниот одбор на МакеДокс. Изложувал во Скопје, Виена, Нови Сад, Подгорица и Темишвар, еден од најнаградуваните современи македонски автори, наградуван/изложуван на сите континенти. Професор по фотографија, куратор на изложби ширум Европа.
Гост предавач ќе биде Звездан Манчиќ, директор на Меѓународниот фестивал на фотографија VIZUALIZATOR од Белград и претседател на Центарот за развој на фотографијата. Тој е автор и кустос на преку 50 изложби на фотографија во Србија и надвор од земјата. Како фоторепортер има објавено над 5.000 фотографии, вклучувајќи го NY Times, Der Spiegel, Corriere della Sera.
Пратете на на Instagram и Facebook, за повеќе информации и на @project_outofframe. Работилниците се дел од меѓународниот проект OUT OF FRAME: Промовирање на нови перспективи преку фотографијата, кој ги поврзува фотографските фестивали и автори од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, финансиран од Европската унија и спроведен со поддршка на British Council. CC4WBs има за цел поттикнување на дијалогот на Западен Балкан преку унапредување на културниот и креативниот сектор за зголемување на општествено-економското влијание