ОУ „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, нагласи дека компанијата останува доследна на својата стратегија за дигитализација и енергетска одржливост:

Во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, инсталирани се и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком.

При посетата, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, нагласи дека компанијата останува доследна на својата стратегија за дигитализација и енергетска одржливост:

„Енергетската ефикасност е клучна за нашата иднина и можеме да ја постигнеме само со заедничка работа. Со нашата модерна технологија и партнерството со институциите, може да направиме вистинска разлика за граѓаните и општеството. Оваа донација е одлучен прв чекор кон енергетски ефикасни училишта и институции кои го носат напредокот и ги штитат ресурсите за идните генерации.“

Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, ја истакна практичната придобивка за наставниот и административниот кадар:

„Системот ни овозможува подобра организација на трошоците и поголема енергетска дисциплина. Но најважно е тоа што децата учат од пример – дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска на сите нас.“

Ова е прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, а освен во „Лазо Ангеловски“ системот за паметно мерење и управување со електричната енергија е имплементиран и во  основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир) и „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни