Oтворено 13 тото издание на Прилеп џез викенд

Вечерва фестивалот продолжува со настапот на триото на Ѓоле Грујовски, по што следува настапот на квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со настапи квартетот на тромбонистот Филип Стевановски и составот „Кобалт код јунит“ вчера вечер се отвори 13. издание на Прилеп џез викенд.

Вечерва во 21:00 часот фестивалот продолжува со настапот на триото на Ѓоле Грујовски, по што следува настапот на квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“.

На последниот ден од фестивалот (31 август) настапуваат гостите од Словенија „Јуре Пукл органик трио“ и српскиот состав „Црно дете“.

Во оф програмата ќе има случувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубовите „Калинка“ и „Таверна“ во старата прилепска чаршија, каде што ќе настапат црковниот хор „Св. Петка“, бендот „Такси конзилиум“ и диџејот Мишко Сапунџија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни