Отворена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” на Родољуб Анастасов во Делчево

Во Делчево се отвори изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе“, со дела на македонскиот сликар Родољуб Анастасов.

Организирана од Центарот за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во соработка со здружението „Архифакт“ и Музеј на град Скопје, изложбата прикажува нова серија цртежи на Анастасов, создадени во периодот 2016-2022 година. Овие мали формати, изработени со молив и молив во боја на хартија, претставуваат повеќе од 200 портрети инспирирани од меморијата на уметникот. Проектот е поддржан од Министерството за култура и е дел од одбележувањето на „80 години Слободно Делчево“.

Најново

Последни колумни