Утеха во природата“ е насловена изложбата на германската уметница Џанин Мулер што денеска беше отворена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
На изложбата се претставени 17 слики инспирирани од природата, а љубителите на уметноста ќе можат да ја видат до 13 април.
Авторката, која е дипломиран фацилитатор, архитект и консултант во своето обраќање говореше за архитектурата и поврзаноста на просторите и разрешувањето конфликти.
Меѓународната уметница Лида Шерафатманд, која последните години живее и твори во Струга вели дека сака што повеќе странски уметници да го видат градот и неговата убавина, која е нејзина инспирација.
На настанот беше дебатирано и за надминување емоциите, како гневот и тагата и нивно трансформирање во позитивни чуства.
– Сакав луѓето во Струга, особено младите, да имаат корист од знаењето и работата на странските уметници. Денеска имавме можност да поразговараме за емоциите и справувањето со трагедијата во Кочани, да се слушнат повеќе аспекти за справување со ситуацијата, рече Шерафатманд.