Изложбата претставува внимателен избор на висококвалитетни фотографии од најзначајните икони на Зограф, кои ја откриваат нивната историја, симболика и културно значење, а како што информираат организаторите, целта на настанот е да се подигне свеста за македонското културно наследство преку поширок проект што ќе вклучува работилници, предавања, патувачки изложби низ Македонија и меѓународни презентации, како и создавање глобално достапна дигитална платформа.

Дичо Зограф (1819–1872) оставил над 2.000 икони и бројни фрески низ Балканот, претставувајќи мост меѓу византиската традиција и современите уметнички влијанија.
Настанот е организиран од Академија Балканика Еуропеана, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Изложбата ќе биде достапна за посетители до крајот на септември.