Отворена истрага за корупција во Европскиот парламент: Huawei поткупувал европратеници

Белгиските истражители извршиле претреси во четвртокот наутро во 21 објект во Белгија и Португалија. Судот потоа побарал да се запечатат канцелариите на двајца парламентарни асистенти, рекоа федералните обвинители.

Белгиските обвинители изјавија во четвртокот дека неколку лица биле приведени на испитување поради можна вмешаност во корупција во Европскиот парламент, наводно во корист на кинескиот Huawei.

Белгиските истражители извршиле претреси во четвртокот наутро во 21 објект во Белгија и Португалија. Судот потоа побарал да се запечатат канцелариите на двајца парламентарни асистенти, рекоа федералните обвинители.
Корупцијата се одвивала „многу дискретно” од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања за заземање политички позиции или прекумерни подароци како храна и патни трошоци или редовни билети за фудбалски натпревари.


„Се тврди дека наводниот поткуп му користел на Huawei“, соопштиле обвинителите.

Huawei изјави дека ја разгледува оваа ситуација.

„Ја разгледуваме оваа работа. Huawei е посветен на почитување на сите важечки закони и прописи на земјите и региони каде што работи“, велат во соопштението.

Европскиот парламент соопшти дека од белгиските власти добил барање за помош во истрагата и дека ќе соработува брзо и целосно. Обвинителите не ги откриле имињата на вклучените лица, ниту информации според кои би можеле да се идентификуваат.

Обвинителите изјавија дека лицата биле приведени за испитување поради нивната наводна вмешаност во корупција во Европскиот парламент, како и за фалсификување и користење на лажни документи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни