Во Австрија е отворен новиот железнички тунел Коралм долг 33 километри што ги поврзува Грац и Клагенфурт, низ кој возовите ќе се движат со брзина до 250 километри на час, објавија локалните медиуми.
Отворањето на тунелот Коралм, кој беше пробиен под планинскиот масив Коралп на југот на Австрија во Штаерска и Корушка, го скратува времето на патување помеѓу Грац и Клагенфурт на 39 минути, објавува АНСА.
На првото возење низ тунелот Коралм присуствуваа голем број државни функционери, меѓу кои и австрискиот претседател Александар ван дер Белен, канцеларот Кристијан Штокер и вицеканцеларот Андреас Баблер.
На отворањето на тунелот возот од Грац тргна во 11часот и пристигна во Клагенфурт во 11:38 часот, но во редовниот сообраќај ќе започне недела и за тоа патување веќе се резервирани повеќе од 5.500 билети.
„За железничката компанија ÖBB, ова е историски чекор што ги поврзува Штаерска и Корушка како никогаш досега“, рече извршниот директор на компанијата, Андреас Мате.
Проектот за модернизација на целата железничка линија, изградба на новиот центар Вестштајермарк и надградба на главните регионални станици беше започнат во 1995 година.
Овој проект е од меѓународно значење бидејќи ќе ги забрза врските со Трст и Венеција за повеќе од два часа и директно ќе има корист за пристаништето Трст.
Според австриските власти, тунелот Коралм создава нова, побрза и стратешки важна врска со јадранскиот брег, објави Телеграф Бизнис, пишувајќи од Танјуг.
