Отворен повикот ,,SECONDARY ARCHIVE” за млади уметници од Вишеград и од Западен Балкан

Повикот започнува на 5 септември и трае до полноќ на 3 октомври по средноевропско време

Официјално е Отворен повикот SECONDARY ARCHIVE за помладата генерација уметници од Вишеград и од Западен Балкан.

,,Во рамките на ова издание, имаме 4 различни повици – еден заеднички за претходните партнери – Албанија, Чешка, Унгарија, Косово, Полска, Србија, Словачка и по еден за секоја нова земја – Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија” велат ораганизаторите.

Повикот започнува на 5 септември и трае до полноќ на 3 октомври по средноевропско време.

Тој е посветен на уметничките кои се идентификуваат жени родени по 31 декември 1987 година. Секоја земја ќе има одреден број финалисти, кои ќе бидат поканети да се приклучат на архивата, дополнително, во рамките на секој повик ќе има по 1 победник, кој ќе добие награда од 500,00 евра (со данок) за поддршка на нивната практика.

Уметниците се поканети да ги испратат своите апликации на е-поштата – hello@secondaryarchive.pl,

Изборот на победниците ќе биде објавен најдоцна на почетокот на декември 2024 година.

Партнери на проектот: Tirana Art Lab (Албанија), Здружение на граѓани Обоена клапа Mанифестo (Босна и Херцеговина), MeetFactory (Чешка), Easttopics (Унгарија), Институт за усна историја Косово (Косово), Институт за современа уметност (Црна Гора), Организација за уметност и наука ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ/ Акто фестивал (Северна Македонија), Центар за културна деконтаминација (Србија), björnsonova (Словачка).

Проектот е кофинансиран од владите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка преку Вишеградски грантови од Меѓународниот меѓународен Вишеградски фонд.

Мисијата на фондот е да ги унапредува идеите за одржлива регионална соработка во Централна Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни