Отворен повик за учество во работилница за урбана уметност и графити карактери на Здраво Млади 14

Еднодневната работилница ќе се оддржи на денот на фестивалот, 11 октомври, од 11:00 часот во просториите на МКЦ, додека создадените дела ќе бидат презентирани вечерта

Здраво млади во соработка со Холандската амбасада во Скопје и познатите скопски урбани графити артисти и уметници ХРОМ, NAME и ФЛИМ, организираат работилница за урбана уметност и графити карактери.

Еднодневната работилница ќе се оддржи на денот на фестивалот, 11 октомври, од 11:00 часот во просториите на МКЦ, додека создадените дела ќе бидат презентирани вечерта.

Пријавувањето трае од 5 до 9 октомври, а бројот на учесници е строго ограничен.

,,Доколку сте заинтересирани да ѕирнете во мајсториите на ХРОМ, NAME и ФЛИМ и истовремено научите нешто ново, пратете краток мејл со пријава на graffitishophrom@gmail.com или nedelkovski.cvetan@gmail.com” порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни