Отворен Повик за финансиска поддршка на земјоделството

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Втор повик за финансиска поддршка за:

А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија,

Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.

Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.

Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 11.747.423 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:

  • минимален износ: 1.230.000 денари
  • максимален износ: 2.460.000 денари

Повеќе информации за повикот и начинот и обрасците за аплицирање можете да најдете на следниот линк: https://mrfp.org.mk/mk/vesti-i-javnost/oglasi/303-vtor-povik-za-dodeluvanje-na-grantovi-agrosmart

За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на: ags@mrfp.mk

Информативната сесија за Повикот:
Датум: 03.04.2024 г. (среда) во 11ч.

Приклучете се на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/84459239133?pwd=cI3Bbihm4mBVtJPOTPYyaLFp9ZLioZ.1
Meeting ID: 844 5923 9133
Passcode: 390626

Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:

Најново

Последни колумни