Сите професионалните дизајнери имат можност да ги достават своите креативни решенија за брендирање на кампања за подигнување на свеста за органодонорство што се реализира во рамките на Проектот за поддршка на системот за трансплантација во РС Македонија. Проектот е финансиран од страна Европкста Унија и се реализира во соработка со Министерството за здравство. Целта е да се подигне јавната свест за органодонорството и трансплантацијата преку креативно изразување.
Повикот до професионалните дизајнери се однесува на создавање пакет за брендирање со создавање на визуелни решенија што треба да се состои од лого, постер и слоган кои ефикасно ја подигнуваат свеста за критичната важност за донирањето органи и за трансплантацијата. Намерата на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината на пораката за надеж, живот и единство, како асоцијација на хуманиот чин органодарување. Секој дизајнер може да аплицира со еден брендинг пакет на меилот на transplantacijamkvisuals@gmail.com до 1 март 2024 година.
Најдобрите решенија ќе ги избере петчлено жири кои независно ќе ги оценуваат идејните решенија за постер, лого и слоган. Наградниот фонд за сите три решенија е во вкупна вредност од 1000 евра, а најдобрите 10 избрани решенија ќе бидат дел од изложба организирана во јавен простор.
Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство.
Повеќе детали за конкурсот на следниот линк