Отворен повик за бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина

Филмски ентузијасти на возраст од 15 до 25 години од земјите од Западен Балкан може да се пријават најдоцна до 25 август за учество на работилница Prishtina Kino Kabaret

Младите од Северна Македонија и од останатите пет земји од Западен Балкан имаат нова можност за бесплатна едукација од областа на филмот. Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, поддржан од British Council, објавува повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret, што го организира фестивалот 16. издание на PriFest – International Prishtina Film Fest. Фестивалот ќе се реализира од 10 до 15 септември 2024 во Приштина, Косово.

Овој настан нуди интензивно филмско искуство каде учесниците ќе се вклучат во креативни аудиовизуелни работилници и ќе соработуваат на кратки филмски проекти во ограничена временска рамка. Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори.

За да добијат поддршка од Edu Cuts, апликантите мора да се на возраст помеѓу 15 и 25 години, да знаат англиски јазик, да бидат државјани на една од земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Примените учесници ќе добијат потврда по имејл од фестивалот дека се прифатени да учествуваат.

Заинтересираните треба да го пополнат следниот формулар: https://forms.gle/swk1H9XiwGgDfANm7

Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Најново

Последни колумни