Хелсиншкиот комитет за човекови права објави повик за ЕУ Академија за човекови права, која ќе се реализира од 11 до 14 август во Охрид. Повикот е отворен за сите млади луѓе кои се заинтересирани за човекови права, ЕУ интеграција, говор на омраза и активизам. Рокот за аплицирање е 3 август, а е отворен за млади од 18 до 26 години. Сите трошоци за пат, сместување и храна се покриени од организаторот.

За дополнителни прашања заинтересираните може да се обратат на: helkom@mhc.org.mk
Линк за пријава: https://shorturl.at/vSB1l