Отворен конкурсот за наградата за новинарство ,,Лоренцо Натали” за 2024 година

Новинарите кои работат на прашања поврзани со климата, животната средина и енергијата, дигиталната технологија и инфраструктура, родовата еднаквост, човечкиот развој, миграцијата и принудното раселување, мирот и управувањето, одржливиот раст можат да аплицираат онлајн за наградата за новинарство Лоренцо Натали. Конкурсот е отворен до 30 јуни.

Наградата му оддава почит на поранешниот потпретседател на Европската комисија, Лоренцо Натали, за неговиот придонес во промоцијата на европските развојни политики. Европската комисија ја доделува оваа награда од 1992 година и ги почестува новинарите чие известување промовира промени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни