Во крагуевската ботаничка градина постои еден необичен угостителски комплекс во кој како гости доаѓаат исклучиво мали живи суштества.
„Во нашата ботаничка градина во Крагуевац имаме различни чуда. Едно од нив е хотелот за инсекти со полн и полу пансион“, вели д-р Снежана Бранковиќ, раководител на Ботаничката градина.
Инсектите самци го имаат најголемиот проблем со сместувањето, па затоа сопствениците на најголемата ботаничка градина на Балканот се сетиле и изградиле хотел.
„Инсектите имаат проблем, особено осамените пчели и бумбарите. Не знаат каде ќе преноќат, бидејќи за разлика од домашните пчели немаат кошници. Така ние им овозможуваме ноќен престој. Имаат можност да преноќат со појадок. Тука им е градината каде наутро ја надлетуваат и собираат нектар“, вели Бранковиќ и додава:
„Кога инсектите ќе влезат во хотелот можат да останат колку што сакаат. Некои само преспиваат, а некои остануваат и цела зима. Некои доаѓаат само на попладневен одмор“.
Сепак, престојот на малите гости во овој хотел не е бесплатен. Најголемиот дел од инсектите без разлика дали се работи за бумбари, осамени пчели или муви тие вршат опрашувања во градината. Сите придонесуваат за биолошката разновидност и на тој начин ги покриваат трошоците за сместување во хотелот.
Извор: kurir.rs