Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк го објавија Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години.
ДЕНЕС е исклучително важна уметничка награда која овојпат ќе се додели по деветнаесетти пат, покрај двомесечната програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited, вклучува и други новини и резиденции. ДЕНЕС исто така овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.
Оваа година повикот е отворен од 17 април до 31 мај 2025 година, а тројцата финалисти ќе бидат објавени на 9 јуни 2025 година.
Апликацијата се пополнува на македонски и англиски јазик. Нецелосните апликации, како и апликациите кои ќе бидат испратени по крајниот рок нема да бидат прифатени или земени предвид.
Финалистите на наградата ќе ја отворат изложбата на 2 декември 2025 година во Националната галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам кога ќе биде соопштен и добитникот/чката на наградата ДЕНЕС, односно резиденцијален престој во Њујорк во периодот февруари – март 2026 година.
Досегашни добитници на наградата ДЕНЕС се: Марко Гутиќ Мижимаков, Ѓорѓи Десподов/ Клелија Живковиќ/ Бурџу Мусли, Ивана Мирчевска, Елена Чемерска, Верица Ковачевска, Зорица Зафировска, Иван Ивановски, Филип Јовановски, Велимир Жерновски, Илија Прокопиев, Кристина Божурска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Ивановска, Борис Петровски, Атанас Ботев, Далибор Тренчевски, ОПА (Опсесивна посесивна агресија) и Славица Јанешлиева.
Повеќе за награда ДЕНЕС
Повеќе информации за критериумите за аплицирање
Повеќе инфомации за процесот на избирање