Осмото издание на Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ #8, на тема Попреченост, годинава ќе започне вечерва во 19 часот во Младинскиот културен центар со промоцијата на книгата „Мост над бурната река“. Ќе следува разговор на Далибор Талајиќ од Загреб со Денис Јанкуловски. Еден час подоцна ќе биде врачена наградата на фестивлот на писателот Синиша Туциќ.
Следува филмот „Расфрлани пасворди“ во режија на режија Нарцис Алиспахиќ, а потоа и разговор со лауреатотот Туциќ, што ќе го води Никола Гелевски, а ќе следува и концерт на бендот „Звук Караџиќ“.
Ви ја споделуваме програмата на фестивалот по денови:
2 септември (сабота)
19. ч.
– Промоција на списанието Маргина #95
19.30.
– Драгана Младеновиќ (Белград) во разговор со Фросина Крушкаровска
20. ч.
– Промоција на сликовницата Седум конци на сонцето на Драгана Младеновиќ и Инес Георгиевска; проекција на анимираната верзија на сликовницата
21. ч.
– Се сеќаваме на Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари – македонски писател(к)и и уметници ги читаат омилените страници од Угрешиќ и Албахари, лауреати на Друга приказна; водител: Живко Гроздановски
3 септември (недела)
18.30 ч.
– Претставување на три детски книги за попреченост: Јасминка Петровиќ – За копчето и среќата; Зоран Кардула – Гуш и Бац; Ирена Поповска – Цветната дружина; водител: Никола Гелевски
19.00 ч.
– Проекција на филмови за попреченост: Марија Апчевска – Беласица; Маја Младеновска – Роза; Тежок андерграунд (продукција: Марко Жвака, Душан Чавиќ, Душан Шапоња); разговори после секој филм; водител: Васко Маглешев
21 ч.
Мала изложба на Тома Димовски – Гоблени-гребаници
Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од Министерството за култура.