Отворање на изложбата „СЕЛЕКТИРАНИ – дел 1“ во Галерија Остен

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави. Од Канада Јелена Крстиќ, од Кипар Марија Трилидиу, од Финска Мерја Јлитало, од Германија Јеонсу Лим, до Италија Алесандро Бугарини, Франческо Спалина од Црна Гора Жељка Јовчевиќ и од С.Македонија Марија Чепишева и Славица Танеска.

Во вторник на 8 октомври во 19ч. во Галерија Остен, Скопје ќе се одржи отворање на изложбата „СЕЛЕКТИРАНИ – дел 1“ каде ќе бидат претставени делата на дел од селектираните уметници на ОСТЕН Биенале Скопје 2024.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави. Од Канада Јелена Крстиќ, од Кипар Марија Трилидиу, од Финска Мерја Јлитало, од Германија Јеонсу Лим, до Италија Алесандро Бугарини, Франческо Спалина од Црна Гора Жељка Јовчевиќ и од С.Македонија Марија Чепишева и Славица Танеска.

Посебни гости, претставени со по едно дело,се пријателите на ОСТЕН, наградувани уметници во претходните изданија на ОСТЕН Биеналето: Антигони Кавата од Грција, Ана Монтанаро од Италија,  Кенрио Хара од Јапонија и Емилија и Стојче Тоциносбки од Македонија.

Сите изложени дела се дел од колекцијата на ОСТЕН. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни