Отвoрање на изложбата ,, Скопје за време на земјотресот и потоа”

Во сабота, во 20 часот, во чест и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 62 години го остави Скопје во урнатини, во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата “Скопје за време на земјотресот и потоа”.


Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 кој засекогаш го промени.

Скопскиот земјотрес во 1963 е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни