Отворање на 14. издание на ЕХО Фестивал на планински филм

Од 23-ти до 27-ми Октомври 2023 ќе се одржи 14. издание на ЕХО, фестивалот за планински филм со проекција во три кино сали, Фросина, Џепно (МКЦ) и Кинотека на РМ. За време на фестивалските денови ќе бидат проектирани на филмска летна архивски филмови од документаристот Трајче Попов, во соработка со Кинотека на РМ.

Отворањето на фестивалот е на 23 октомври 2023, понеделник / Кино Фросина, МКЦ, во 19 часот со следниве исклучителни приказни:

19:00 „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’, 2023

19:30 „До планините и назад“,Мајк Квигли, Канада, 47’, 2022

20:45 „Подземје“, Франсоа-Хавиер „Фикс“ Де Рујд, Канада, 87’, 2023

„Веруваме дека секој кој влегува барем на само една проекција на Ехо – заминува инспириран, со испотени дланки и веќе со планови за своја авантура. Секој филм, ќе ве исполни, а посебно тие кои изобилуваат со прекрасни пејзажни кадри“, изјавуваат од организацијата на фестивалот.

За годинешново издание составена е програма од 55 филмови во три кина (Фросина и Џебно во МКЦ, по подолго време и во Кинотека), објавување на нова книга (фантастичен наслов!), четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов (проектиран на филмска лента во Кинотека) – како дел од активностите во главната програма, но и конкурс за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна Алијанса за планински филм, изложба на фотографии, четири детски работилници – како дел од дополнителната програма.

Програмата може да се разгледа и преку линкот до веб страницата на фестивалот ЕХО. Објавите може да се проследат на социјалните мрежи Facebook и instagram. Како и досега, влезот на сите настани на ЕХО 2023 е слободен. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни