На 26 јуни во 18:30 часот во Културно-информативен центар – Истанбул, ќе се отвори изложбата „Варијации на мазга“, на интересна групна изложба на која се претставени делата на Владимир Лукаш, Вук Митевски и Ѓорѓе Јовановиќ.
Оваа изложба е дел од годишната програма на Асоцијацијата за култура ИКОН и Министерството за култура на Северна Македонија, која го прикажува уникатниот спој на цртежот, сликарството и колажот на уметниците, истражувајќи ги темите на хуморот, гротеската и социо-политичката критика.
Владимир Лукаш создава симболични скици кои ги предизвикуваат границите помеѓу сликата и значењето.
Вук Митевски комбинира неокубистички и надреалистички влијанија вткаени во современи контексти преку скулптурата и сликарството.
Ѓорѓе Јовановиќ создава сложени колажи кои ги реинтерпретираат дадаистичките и надреалистичките традиции, движејќи се помеѓу реалното и надреалното.