Отстранувањето на остатоците од растопеното гориво од нуклеарната централа Фукушима ќе доцни со години

Јапонскиот оператор на нуклеарната централа Фукушима, која доживеа хаварија во 2011 година по цунами, денеска соопшти дека почетокот на отстранувањето на остатоците од растопеното гориво ќе биде одложен до 2037 година или дури и подолго.

Компанијата ТЕПКО изјави дека ќе ѝ бидат потребни 12 до 15 години подготовка за отстранување на растопените остатоци од гориво во Реакторот 3. Овие подготовки вклучуваат намалување на нивото на зрачење и изградба на објекти.

По испраќањето роботи за земање нови примероци, експертите ќе го одредат методот за отстранување на растопеното гориво.

Најмалку 880 тони растопено нуклеарно гориво се измешани со скршени делови од градбата и опремата во внатрешноста на трите реактори кои се стопија по земјотресот и цунамито.

Одложувањето може да ја наруши намерата урнатиот објект целосно да се затвори до 2051 година, според одлуката на Владата и ТЕПКО.

Тестирањето на примерокот од остатоците на горивото во ноември доцнеше три години, а некои експерти проценуваат дека работите на затворањето би можеле да траат и повеќе од еден век. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни