„Отскочна даска“, читањето за млади поети, ќе се одржи на 3-ти април 2026 година, со почеток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата Буква.
Годинешното читање е преднастан на 6. Скопски поетски фестивал, чиешто шесто издание ќе се одржи во периодот од 7 до 9 мај.
Преку отворен повик се пријавија 27 поети и поетеси од кои интерното жири ги избра: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, Деспина Сиљаноска, Елена Соколоска, Бојана Спасовска, Кире Џотов, Ива Шајноска и Ели Шапкарова.
На настанот самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот/најдобрата меѓу нив, кој/која ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 7 мај.