„Отскочна даска #4“ во кафе-книжарницата „Буква“

Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април

„Отскочна даска #4“ ќе се одржи на 12 април од 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот или најдобрата меѓу нив, за тој или таа да отскокне и да чита и на официјалното отворање на фестивалот на 24 април, заедно со другите учесници во официјалната програма.

Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април, е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Традуки, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и кафе-книжарницата „Буква“. @bookva.mk

„Драги наши млади поети и поетеси, од сѐ срце ви благодариме што 28 од вас се охрабрија и ни ги доверија своите песни за прочит! Пред сѐ, би сакале со вас да го споделиме нашето задоволство од бројот на пријавените, но и од квалитетот на песните, односно, од талентот на кандидатите. Интерното жири на фестивалот избра 11-мина од вас за настап на годинешното четврто издание на „Отскочна даска““ велат организаторите.

Имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор, Трендафилова Дарија и Шапкарова Ана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни