Кога вирусните инфекции ќе завладеат, најголемиот проблем со кој се соочуваме е затнат нос. Народната медицина смета дека кашлицата и затнат нос најдобро се лечат со вдишување на пареата што ја испуштаат билните чаеви – камилица, нане и босилек.
Кога вирусните инфекции ќе завладеат, најголемиот проблем со кој се соочуваме е затнат нос. Народната медицина смета дека кашлицата и затнат нос најдобро се лекуваат со вдишување на пареата што ја испуштаат билните чаеви – камилица, нане и босилек.
Вдишувањето со пареа е традиционален помошен метод доколку имаме настинка, кашлица, затнат нос и проблеми со синусите, а според народните рецепти многу лесно се применува, без разлика дали се користат етерични масла или лековити билки од домашната аптека. Експертите препорачуваат да не ставате крпа над главата при ваков тип на вдишување, додека во народната медицина крпата е незаменлива. На вас е да одлучите што ви е попријатно.
Како да се подготви мирисна инхалација?
Во тенџере истурете литар и половина вода и лажица камилица, нане и босилек. Загрејте до вриење, тргнете го од оган и додадете пет капки есенцијално масло од еукалиптус. Наведнете се над садот, покријте ја главата со крпа (или не) и вдишете ги лековитите испарувања најмалку десет минути. Постапката повторете ја два или три пати на ден додека не се чувствувате подобро. Комбинацијата од овие билки има силно антиинфламаторно дејство и помага во отпушување на синусите.

ЗАБЕЛЕШКА: Добро е да изберете домашни и природни чаеви за кои сте сигурни дека не се третирани со никакви средства, бидејќи тогаш вдишувањето ќе биде поефикасно, а носот ќе се одблокира по првото или второто вдишување. Само имајте на ум дека вдишувањето на пареа е строго забрането за луѓе кои страдаат од астма.
Вдишување со оваа билна смеса:
-Брзо го олеснува дишењето
-Ја ублажува кашлицата предизвикана од акумулација на слуз поради конгестија на синусите
-Разредува и промовира исфрлање на густата слуз од синусите
-Ја ублажува главоболката
-Го отстранува акумулираниот стрес