Отпуштања поради вештачка интелигенција: Индустријата најмногу загрозена

Сѐ поголема примена на вештачката интелигенција (AI) во германската економија доведува до сериозни очекувања за отпуштања – 27,1% од компаниите предвидуваат намалување на бројот на вработени во следните пет години, покажува анкета на економскиот институт Ifo.

Најголеми отпуштања се очекуваат во индустрискиот сектор, кој е столб на германската економија – дури 37,3% од индустриските компании сметаат дека ќе мора да ги намалат тимовите поради воведување на AI. Во трговијата, речиси 30% од претпријатијата исто така најавуваат укинување на работни места.

Сепак, две третини од анкетираните компании не очекуваат промени во бројот на вработени, а околу 5% веруваат дека вештачката интелигенција дури ќе им овозможи да вработат повеќе луѓе.

„Во моментов, компаниите испитуваат во кои области AI носи најголем пораст на продуктивноста. Ќе поминат уште неколку години додека овие промени не станат мерливи на пазарот на труд“, изјави претседателот на институтот Ifo, Клеменс Фуст.

И покрај трите години стагнација во германската економија, многу компании сѐ уште очајнички бараат квалификуван кадар. Се предвидува дека недостатокот од стручни работници ќе стане уште поизразен во следните години, кога генерацијата „бејби-бумери“ ќе излезе од пазарот на труд.

Шефот на истражувања во Ifo, Клаус Волрабе, предупредува дека предизвикот е добивките од продуктивноста што ги носи AI да се преточат во општо благосостојба – без притоа да предизвикаат тектонски поместувања во одредени професии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни