Јапонија денес почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, поларизирачки потег што ја натера Кина да објави итна целосна забрана за увоз на морска храна од Јапонија.
Кина е „многу загрижена поради ризикот од радиоактивна контаминација од Јапонската храна и земјоделски производи извезени во Кина“, се вели во соопштението на кинеската царина.
Потпишано пред две години од јапонската влада и одобрено од нуклеарниот надзор на ОН минатиот месец, испуштањето е клучен чекор во долг и тежок процес на деактивирање на централата Фукушима Даичи, откако таа беше уништена од цунами.
Операторот на постројката Tokyo Electric Power рече дека ослободувањето започна во 13:03 часот по локално време и не идентификуваше никакви абнормалности со пумпата за морската вода или околните објекти.
Сепак, Кина го повтори своето цврсто противење на планот и рече дека јапонската влада не ја докажала легитимноста на испуштањето вода.
THREAD) 1. This is the moment when Japan started releasing treated nuclear water from its Fukushima plant into the Pacific Ocean.
— Bloomberg (@business) August 24, 2023
The plan, part of the clean up of the worst atomic accident since Chernobyl, faces a persistent backlash despite reassurances https://t.co/YKMHn1ffCR pic.twitter.com/fw0ihYO4Lp
„Јапонската страна не треба да предизвикува секундарна штета на локалното население, па дури и на луѓето во светот поради сопствени себични интереси“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот.
Токио за возврат ја критикуваше Кина за ширење „научно неосновани тврдења“.
Тие тврди дека испуштањето на водата е безбедно, истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), исто така, заклучила дека влијанието што би го имало врз луѓето и животната средина е „незначително“.
Нуклеарната централа Фукушима Даичи беше уништена во март 2011 година по голем земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала што генерираше моќни бранови на цунами што предизвика топење на три нејзини реактори.

Јапонските риболовни групи, погодени со долгогодишно оштетување на репутацијата поради стравувањата од радијација, долго време се спротивставуваа на планот. Стравувањата дека тоа ќе доведе до губење на извозот на главните пазари, се чини дека се потврдуваат со неопределената кинеска забрана.
„Рибарските заедници во Јапонија се чувствуваат сè повознемирени додека го сведочат овој момент и покрај гаранциите на владата“, рече шефот на Јапонската риболовна соработка.
Јапонија во 2022 година во Кина во 2022 имала извоз на морски производи од околу 600 милиони долари, што ја прави најголемиот пазар за јапонски извоз, а Хонг Конг е втор. Продажбата во Кина и Хонг Конг сочинуваше 42% од вкупниот јапонски извоз на морски производи во 2022 година, според владините податоци.
Водата ќе се испушта во помали количини првично и со дополнителни проверки. Првото испуштање од вкупно 7.800 кубни метри – што е еквивалент на околу три олимписки базени со вода – ќе се одвива во текот на околу 17 дена.
Според резултатите од тестот на Tepco објавени денес, таа вода содржи околу 63 бекерели тритиум на литар, што е под границата на Светската здравствена организација за вода за пиење од 10.000 бекерели на литар. Бекерелот е единица за радиоактивност.
МААЕ, исто така, објави соопштение во кое се вели дека нејзината независна анализа на лице место потврдила дека концентрацијата на тритиум е далеку под границата.
Јапонија ќе спроведе мониторинг околу областа каде што се испушта водата и ќе ги објавува резултатите неделно, почнувајќи од недела, рече министерот за животна средина.
Tepco очекува процесот на испуштање на отпадните води – моментално тотално повеќе од 1,3 милиони метрички тони – да трае околу 30 години.
Граѓанските групи започнаа протести во Јапонија и Јужна Кореја, иако владата на Јужна Кореја соопшти дека нејзината сопствена проценка не нашла проблеми со научните и техничките аспекти на испуштањето на водата.

Пред испуштањето, неколку десетици демонстранти се собраа пред седиштето на Tepco во Токио држејќи табли на кои пишуваше „Не фрлајте загадена вода во морето!“
„Нуклеарната катастрофа во Фукушима не е завршена. Овој пат само околу 1% од водата ќе биде испуштена“, изјави за Ројтерс 71-годишниот Џун Иизука, кој присуствуваше на протестот. „Отсега ќе продолжиме уште долго да се бориме да го запреме долгорочното испуштање на загадена вода.“
Извор: Reuters