Отоци, слабост, главоболка – што треба да знаеме за хормоналниот дисбаланс

„Хормоните се хемиски гласници на телото“, велат експертите. Се произведуваат во ендокрините жлезди, патуваат низ крвотокот и „им кажуваат“ на ткивата и органите што да права

Широк спектар на знаци, вклучително и зголемување или губење на телесната тежина, може да укаже на хормонален дисбаланс. И покрај силното влијание што хормоните го имаат врз нашето тело и целокупното здравје, многу состојби поврзани со хормонален дисбаланс се лекуваат.

„Хормоните се хемиски гласници на телото“, велат експертите. Се произведуваат во ендокрините жлезди, патуваат низ крвотокот и „им кажуваат“ на ткивата и органите што да прават. Тие помагаат во контролата на многу главни процеси во телото, вклучувајќи го метаболизмот и репродукцијата. Кога станува збор за хормонален дисбаланс, тоа значи дека имате премногу или премалку одреден хормон. Дури и мали промени можат да предизвикаат сериозни последици врз функционирањето на целиот организам, пренесува rts.rs.

Нивото на некои хормони варира низ животот и може да биде резултат на природно стареење. Но, други промени се јавуваат кога ендокрините жлезди не функционираат правилно.

Симптоми на хормонален дисбаланс

Симптомите на хормонална нерамнотежа зависат од тоа кои хормони или жлезди не функционираат правилно. Чести хормонални состојби кои влијаат на лица од двата пола можат да предизвикаат било кој од следниве симптоми: добивање на тежина, необјаснет и понекогаш нагол губиток на тежина, замор, мускулна слабост, болки во мускулите, чувствителност и вкочанетост, болка, вкочанетост или оток во зглобовите.

Дополнителни симптоми за кои треба да внимавате се: забрзано или забавено чукање на срцето, потење, зголемена чувствителност на студ или топлина, запек или честа столица, често мокрење, зголемена жед, зголемен апетит, намалено либидо, депресија, нервоза, анксиозност или раздразливост, заматен вид, неплодност, проретчување или кршливост на косата, сува кожа, отечено лице, виолетови или розови стрии…

Важно е да се напомене дека симптомите се неспецифични. Да имате еден или неколку од нив не значи нужно дека имате хормонален дисбаланс, бидејќи некои симптоми можат да укажуваат и на други хронични состојби. Затоа, ако забележите значителни промени на телото или нивото на енергија, добро е да се консултирате со лекар.

Кај жените, најчеста последица на хормонален дисбаланс е синдромот на полицистични јајници. Хормоналниот циклус природно се менува за време на пубертетот, доењето, бременоста и менопаузата.

Симптоми кај жените можат да вклучуваат: обилни или нередовни менструации, вклучувајќи изостанок на менструација, прекинување или честа менструација, хирзутизам или прекумерна влакнатост на лицето, брадата или други делови од телото, акни на лицето, градите или грбот, губење на коса, хиперпигментација, особено по наборите на вратот, во препоните и под градите, дамки на кожата, вагинална сувост, атрофија, болка при сексуален однос, ноќно потење, главоболки.

Многу од овие проблеми, вклучувајќи го и хирзутизмот, можат да се појават и кај мажи.

Кај мажите, тестостеронот игра важна улога во развојот и функционирањето на организмот. Недоволното производство може да предизвика различни проблеми.

Симптоми кај мажите вклучуваат: гинекомастија (развој на ткиво на градите), чувствителност на градите, еректилна дисфункција, намален раст на брада и телесни влакна, губење на мускулна маса, губење на коскена маса (остеопороза), проблеми со концентрацијата, валунзи…

Симптоми кај деца

Кај децата, половите хормони почнуваат да се произведуваат за време на пубертетот. Но, кај некои деца може да се јави состојба како хипогонадизам.

Симптоми на хипогонадизам можат да бидат: недостиг на развој на мускулна маса, непродлабочен глас, ретка влакнатост, нарушен раст на пенис и тестиси, прекумерен раст на раце и нозе во однос на трупот, гинекомастија, изостанок на менструација, неразвиеност на ткиво на градите, изостанок на раст.

Постојат многу можни причини за хормонален дисбаланс кај децата. Тие варираат според тоа кои хормони или жлезди се зафатени.

Причини и последици

Вообичаени причини се: хормонска терапија или лекови, лекување на рак (хемотерапија), тумори (малигни или бенигни), тумори на хипофиза, нарушувања во исхраната, стрес, повреди…

Хормоналниот дисбаланс може да доведе до: дијабетес, хипо-/хиперфункција на тироидната жлезда, хипогонадизам, Кушингов синдром (високо ниво на кортизол), Адисонова болест, остеопороза, депресија, анксиозност итн.

Кај жените, честите причини се поврзани со менструалниот циклус, бременост, доење, менопауза, како и употреба на хормонски таблети и контрацептиви.

Дијагноза и лекување

Не постои единствен тест за дијагностицирање хормонален дисбаланс. Најчесто се прават крвни анализи, проверки на функција на тироидна жлезда, нивоа на естроген, тестостерон, кортизол. Дополнително: ултразвук, ПАП тест, уролошки прегледи, па дури и рендген, скенер, анализа на сперма, магнетна резонанца…

Терапииte зависат од причината: терапија со естроген, хормонална контрацепција, фластери, инјекции, тестостерон, синтетички хормони на тироидната жлезда, креми, чаеви, суплементи…

Лекарите препорачуваат и промени во начинот на живот: зголемена физичка активност, откажување од цигари и алкохол, подобра исхрана, намалување на телесната тежина и стресот, престој во природа…

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни