Откриено зошто Дедо Мраз носи црвен костум! Причината, потекнува од четвртиот век

Заштитен знак на најпознатиот празничен лик Дедо Мраз е дефинитивно црвен костум и капа со бела топка. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто Дедо Мраз носи црвено?
Многумина мислат дека тоа е поради популарната реклама за газираниот пијалок, но тоа не е вистина. Иако Дедо Мраз е дел од различни божиќни кампањи речиси 100 години, неговата црвена облека не е создадена поради тоа.

Имено, во минатото се веруваше дека познатиот газиран пијалок ја избрал црвената боја во маркетингот за да одговара на етикетата на својот производ, а уметникот Хедон Сандблом во тоа издание го создал ликот на Дедо Мраз.

Сепак, тоа не е единствената причина за неговата црвена облека.

Дедо Мраз всушност бил инспириран од Свети Никола од четвртиот век, кој бил познат по тоа што им давал подароци на сиромашните носејќи црвени наметки. Црвената боја се поврзува и со христијанството, симболизирајќи ја крвта на Христовото распнување, пишува „Би-Би-Си“.

Покрај влијанието на Свети Никола, значајна улога во обликувањето на денешниот изглед на Дедо Мраз одиграле и цртежите од магазинот „Харперс викли“ и нивниот соработник, уметникот Томас Наст. Помеѓу 1863 и 1886 година, Наст создаде слики кои ги поставија темелите за денешното претставување на Дедо Мраз, вклучувајќи идеи за неговата работилница и традицијата на испраќање писма.

Неговата слика на Дедо Мраз, со голем стомак, стана модел за ликот што го препознаваме денес, често прикажан во реклами.

Така, Дедо Мраз не се појавил преку ноќ, туку е производ на многу влијанија, вклучително и фолклорот, религијата и уметноста, а неговиот препознатлив изглед и црвените одела биле развиени дури кон крајот на 19 век.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни