Oткриено e што може да ja апсорбира радијацијата во Чернобил

Во еден од најрадиактивните реактори во нуклеарната централа во Чернобил, печурки апсорбираат смртоносна радијација.

На ѕидовите на озлогласениот реактор број 4, каде што е забележано највисоко ниво на радијација, расте црна габа наречена Cladosporium sphaerospermum.

Oвој реактор почна да се топи во 1986 година, што на крајот предизвика експлозија, при што поради радијација загинаа илјадници луѓе.

Целиот град Припјат беше евакуиран и останa напуштен сe до денес. Се наоѓа во рамките на т.н. 30 километри „исклучени зони“.

Сепак, црната габа, заедно со другите видови како што се Wangiella dermatitis и Cryptococcus neoformans, почнаа да go апсорбираат зрачењеto.

Тие припаѓаат на група габи познати како радиотрофични, кои можат да го претворат зрачењето во метаболички процеси – што значи дека растат повеќе во зависност од количината на зрачење што ја апсорбираат.

Откритието не е ново – за прв пат беше забележано во раните 1990-ти, кога истражувачки тим го забележа растот на овие габи.

Тие еден ден би можеле да помогнат во чистењето на радиоактивниот отпад, па дури и да ги заштитат луѓето од радијација за време на мисии во длабоката вселена.

Космичкото зрачење останува бариера за долгорочно патување во вселената, а научниците велат дека на луѓето им е потребна „максимална“ заштита доколку планираат да колонизираат други планети.

Истражувачите испратија примерок од радиоактивна габа пронајдена во Чернобил на тестирање до Меѓународната вселенска станица и ја следеа 30 дена во лабораториските садовите Петри.

Утврдено е дека го намалуваат зрачењето за 2 отсто во споредба со нерадиоактивен примерок.

Тим американски истражувачи во 2020 година објави дека, со конкретни напори да се вратат луѓето на Месечината во рамките на програмата Артемис и да се воспостави трајно упориште на следното небесно тело до 2028 година, човештвото се врти кон Марс како следен голем чекор во истражувањето на вселената.

„Во подготовка за долготрајни човечки истражувачки мисии надвор од орбитата на Земјата и подлабоко во вселената, потребните способности значително се зголемуваат. Затоа, секое сценарио за мисија мора да вклучува иновативни решенија кои можат да ги задоволат потребите и да ги решат опасностите од долготраен престој на небесниот тела“, се наведува во написот.

Од таму додаваат дека, ‘Најголемата закана за краткорочното и долгорочното здравје на астронаутите во мисии во длабоката вселена е радијацијата’.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни