Остатоци од средновековна палата каде што живееле папите пред Ватикан да стане нивен официјален дом беше откриена во Рим. Археолозите ја откриле комплексната структура на плоштадот надвор од базиликата на Џон Латеран во центарот на градот.
„Ова е извонредно откритие за градот Рим и неговата средновековна историја, бидејќи не се направено екстензивни археолошки ископување на плоштадот во модерно време“ рекоа од италијанското министерство за култура.
Структурата на објектот е поставена во 313 година, а била проширувана во неколку фази помеѓу 9 и 13 век. Папите живееле таму се до 1305 година, кога привремено се преселиле во Авињон во Франција, додаваат од министерството.
Регионот околку овој плоштад се расчистува и истражува подетално пред идната јубилејна 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони туристи и вериници да дојдат во Рим.
За време на јубилејна година, католиците може да добијат посебни опростувања на своите гредови доколку исполнуваат одредени услови и прават добри дела или пак одат на аџилак.
Долгата историја на Рим значи дека би секоја работа во градот може да се наиде на археолошко наоѓалиште. Другите копања покрај Ватикан за да се продолжи тунел за автомобили открија остатоци од стара римска „перална“ и градина со трем, за кои се верува дека ги користел императорот Калигула.
Извор: Ројтерс