Откриени еротски фрески во Помпеја

Во Помпеја е откриена мала куќа, на чии ѕидови се наоѓаат еротски фрески, на кои се гледа гола нимфа на кревет, како и слика на оскудно облечена Федра, која според грчката митологија е сопруга на херојот и кралот на Атина, Тезеј.
Фото: Pompeii - Parco Archeologico

Ова откритие докажува дека жителите на античкиот римски град, кој бил уништен од вулканска ерупција во 79 година од нашата ера, имале склоност кон сензуални уметнички дела.

Откривањето на куќата уследи по ископувањата кои започнаа во 2018 година, кога беа откриени и низа еротски фрески со фалички симболи, за кои се веруваше дека носат богатство, плодност и среќа.

Околу една третина од Помпеја сè уште е под слој од вулкански материјал, а најновото ископување доведе до низа извонредни наоди. Фреските во куќата се богато украсени, вклучително и олтар насликан со змии и приказ на жртвени приноси – шишарки, јајца и смокви.

Директорот на локацијата за ископување Габриел Кутригел рече дека куќата е забележлива по тоа што нема атриум — централен двор типичен за римската архитектура од 6 век п.н.е. до 2 век н.е.

Тој објасни дека до вториот век од нашата ера, атриумот бил поврзан со богатите Римјани кои ги примале своите клиенти и поддржувачи во делот од куќата каде што биле изложени семејните наследства, но дека куќите без атриум станале вообичаени кога „облеката и накитот почнале да покажуваат статус “.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни