Откриени детали за смртта на Лијам Пејн: Соба полна со наркотици и алкохол

Популарниот пејач Лијам Пејн почина вчера, а извештаите сугерираат дека последниот ден го поминал хаотично.
Фото: Ashley Newby/Flickr

TMZ, американски медиум, истакна дека Лијам „постапувал непредвидливо“ непосредно пред неговата смрт. Неговото однесување го привлекло вниманието неколку минути пред трагичниот пад, кога тој наводно си го скршил лаптопот во лобито на хотелот и бил одвлечен во својата соба.

Како што објавија Marca.com, The Express Tribune и многу други агенции, на мрежите се појавија наводните фотографии од луксузната соба на Лиам. Тие прикажуваат сцена исполнета со хаос и неред.

Сликите од неговата соба покажуваат скршен телевизор, прашкаста материја за која се верува дека е дрога, и разни други предмети, вклучувајќи свеќи, алуминиумска фолија, изгорена лименка, запалка и повеќе предмети расфрлани низ просторијата. Фотографиите наводно се преземени од локални аргентински медиуми, а нивната автентичност се уште не е потврдена. Сепак, социјалните мрежи брзо ја споделија оваа информација.

Според Ројтерс, полицијата била известена за „агресивен маж кој можеби е под дејство на дрога и алкохол“.

Повикот до итните служби на менаџерот на хотелот во Буенос Аирес, каде што почина Лијам, укажува дека пејачот можеби бил под дејство на алкохол и дрога.

„Имаме гостин кој се дрогира и ја уништува целата соба, па ни треба помош.

Ројтерс потврди дека повикот бил вознемирувачки. „Кога е при свест, ја уништува целата соба, а вие треба да испратите некого“, рекол менаџерот, додавајќи дека животот на гостинот е во опасност бидејќи нивната соба имала балкон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни