Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа

Документацијата во врска со проектот новинарите ја добиле од Белпол, група на поранешни белоруски безбедносни официјални лица кои сега работат против режимот

Русија има тајна база на нуклеарно оружје во Белорусија, открива Радио Слободна Европа, а доказ за тоа е наивна фотографија снимена во база 1405 за муниција која се наоѓа во централна Белорусија,објавена на интернет во септември минатата година. На неа се гледа монитор кој го покажува нивото на радијација измерено во базата, иако таа се наоѓа на повеќе од стотина километри од најблиската нуклеарна електрана, пренесува Дневник.hr.

Новинарите на Радио Слободна Европа исто така откриле докази за засилени мерки на нуклеарна безбедност во близина на база 1405. Документите откриваат локација каде се чуваат хемикалии за јодна профилакса – заштитна мерка во случај на несреќа во нуклеарна електрана.


Ова е спомнато во анексот на документацијата за новата железничка линија која ја поврзува базата со друг објектот на блиската воена база Осиповиќи, за која исто така се верува дека е потенцијално складиште на руски нуклеарни боеви глави.

Што покажуваат сателитските снимки?
Сателитските снимки исто така покажуваат дека минатата година започнала изградбата на железничката пруга која ќе го поврзе складиштето за муниција со блиската воена база Аспировиќи.

Документацијата во врска со проектот новинарите ја добиле од Белпол, група на поранешни белоруски безбедносни официјални лица кои сега работат против режимот. Таа вклучува детали поврзани со проектот, вклучувајќи изградба на стражарски простории, изградба и реновирање на касарни, складишта за оружје и можни нови хангарови за руски ракети Искандер, кои можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни