Откриена ретка копија на Шекспировиот љубовен сонет

Ракописот бил пронајден меѓу документите на Елијас Ашмолиј, еден од основачите на Ашмолијовиот музеј во Оксфорд.

По неколку стотици години, редок ракопис на љубовен сонет беше откриен на Универзитетот Оксфорд. Д-р Лих Веронезе ја пронајде копијата на верзијата на Шекспировиот сонет број 116, која била скриена во збирка поезија од XVII век. Ракописот бил пронајден меѓу документите на Елијас Ашмолиј, еден од основачите на Ашмолијовиот музеј во Оксфорд.

Професорката Ема Смит, експерт за Шекспир од Оксфорд, изјавила дека ова „возбудливо откритие“ ќе им помогне на истражувачите подобро да ја разберат Шекспировата популарност дури и по десет века од неговата смрт.

Веронезе ја пронашла поемата во збирка составена од различни текстови, која содржи избрани дела од различни автори за различни теми.

„Додека го прелистував ракописот, песната ми изгледаше како чудна верзија на Сонетот 116“, објаснила истражувачката од Универзитетот за Би-Би-Си. „Кога погледнав во каталогот (кој бил изработен во 19. век), песната беше опишана со елементи на љубовта, но не беше споменат Шекспир.“

Во Ашмолиовата верзија, делови од Сонетот 116 биле изменети, а додадени се и некои стихови.

Веронезе изјавила дека мисли дека првиот стих е променет и дека недостигот на споменување на овој сонет бил причината што оваа песна поминала незабележано како копија на Сонетот 116 во изминатите години. Сонетот се наоѓал во збирка која содржи политички текстови од 1640-те години – периодот на Англискиот граѓански војна која се водела помеѓу ројалистите и парламентарците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни